Гала журка и фешта со 100 гости: Поранешната мис Маја Глигорова славеше 40-ти роденден

Некогашната манекенка и топ-модел Маја Глигорава со гала забава со славеше 40. роденден во скопскиот ресторан „Еквилибриум“. На журката  дојдоа и многу гости. Некогашната мисица, а сега одделенска наставничка имаше журка за која уште долго ќе се зборува.

За музиката беа задолжени Јоце Панов и фолк-пејачката Сани Гроздановска, кои не само што ги кренаа гостите на нозе туку и покажаа како се прави роденденски штимунг, ни раскажаа за „Репортер“ гости кои беа на забавата на Маја.

Според кажувањата, имало 100 гости на журката, кои биле воодушевени од тоа како било организирано. Маја беше облечена во секси фустан, па и денес изгледа одлично исто како на времето кога беше дел од модните писти.

Маја беше една од нашите најангажирани манекенки во текот на 2000-тите години, снимаше спотови и реклами, а ја претставуваше Македонија и на светски избор за мис во Кина, од каде што се врати со титулата „Мис бикини на светот“.  Откако се омажи и се породи се повлече од јавната сцена, а со манекенството се занимаваше хонорарно. Денес е вработена како одделенски наставник во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

 

Scroll to Top