Ѕвездата на Гранд, Андријана Петрушовска, следниот месец ќе пее на „Макфест“ во Штип, а своето учество на фестивалот го најави преку провокативна фотосесија во секси долна облека. Таа за сега не го открива авторскиот тим на песната, но вели дека ќе има настап за кој ќе се зборува.
„Рано е за да откријам што било, но она што може да ветам е дека ќе изгледа светски. Полека веќе работиме и сигурна сум дека публиката ќе биде воодушевена“, вели Андријана.
Таа за новата фотосесија работеше со фотографот Стефан Соколовски, познат како Бед Стеф.
Претходно во интервју за „Репортер“ Петрушовска рече дека летото ќе го помине во настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија, но дека работи и на нејзината прва песна.
„Зад мојата прва песна стои Лазар Цветкоски, а ќе излезе во септември“, ни откри во разговорот таа.