Вчеравечер на „Струмица опен фестивал“ се одржа проекција на документарецот „Медена земја“, а меѓу гостите беше и хероината на филмот, Атиџе Муратова. Седната во првиот ред, со леопард маска и впечатлива облека во нејзин стил, таа го привлече вниманието на посетителите.
Атиџе го гледаше филмот заедно со градоначалникот Коста Јаневски, а по проекцијата се дружеше со публиката што дојде во киното на отворено.
Со проекцијата на „Медена земја“ заврши втората недела од познатиот струмички фестивал на отворено. Филмот беше дел од петдневниот филмски маратон, на кој беа прикажани четири краткометражни и три долгометражни филмови од домашни автори, како и детска програма.
Фото: Струмица опен фестивал