(Галерија) Бети шик, Заева го утна дрес-кодот: Модата на политичарите во амариканската амбасада

Вчера во Амбасадата на САД се славаше Денот на независноста. Тоа беше можност личности од јавниот, бизнис и политичкиот живот да присуствуваат на редок гала-ивент. На приемот кај американскиот амбасадор доминираше кежуал стилот на гостите, оти така наложуваше дрес-кодот.

На  приемот беше речиси цел политички врв, но и политичарите од опозицијата. Дрес-кодот наложуваше  гостите да се облечат во кежуал варијанта. Првата дама, Елизабета Пендаровска, ги собра комплиментите откако се појави на приемот во текас фустан-кошула, во комбинација со кратки кафени чизми. И претседателот  Стево Пендаровски ѝ парираше на сопругата облечен во патики во комбинација со кежуал палто.

За разлика од Бети, Зорица Заева овој пат беше повеќе елегантна отколку кежуал, па многумина рекоа дека ја утнала комбинацијата со црно-белиот фустан кој го носеше вчера на приемот.

Неформално беше облечен и премиерот, во фармерки и бела кошула. На приемот беа и дамите од СЈО, Фатиме Фатеи и Катица Јанева. Тука беше и Христијан Мицковски со сопругата Рози, која носеше фустан со шарен дезен. Радмила Шеќеринска, пак, беше облечна во црвен миди фустан, а дамите од ВМРО-ДПМНЕ, Данила Рангелова и ексминистерката Елизабета Канчевска-Милевска, носеа светли панталони.

Фото: Фејсбук

 

Scroll to Top