(Галерија) Директорката на Театар „Комедија“, Нора Шаќири, со актерките славеше 8 Март во кафеана

Кафеана и дружба за 8 Март имаа некои од актерките од Театар „Комедија“. Тие завчера беа излезени да го прослават Денот на жената, па се пофалија на социјалните мрежи. Жаклина  Стефковска, Ева Скендеровска, со нив беше и новата в.д. директора, Нора Шаќири-Марковиќ, која не криеше дека си поминува убаво. Особено што е тазе мајка, па ретко кога има време за вакви дружби. Неколку фотографии осамнаа на социјалните мрежи од кафеанската забава, а и самите напишаа: „’Комедија’ на прослава“.

Scroll to Top