(Галерија) Елена Ристеска емотивна за роденденот на мајка си објави стари семејни фотографии

Поп-пејачката Елена Ристеска објави неколку семејни фотографии за да ѝ го честита роденденот на мајка си. Од времето кога била бебе, преку слики од деновите кога настапуваше на концерти во Македонија, па сè до фотографии со внуката Делфина, пејачката со многу емоции се потсети на минатото.

„Една е мајка, среќен роденден“, напиша Елена.

Пејачката често споделува фотографии од своите родители и секогаш со емоции зборува за нив, особено за својот починат татко. Таа често го спомнува во интервјуата и го нарекува најголемата поддршка што некогаш ја имала, а раскажува и приказни од детството поврзани со него.

За „Репортер“ неодамна таа ни кажа дека секогаш ѝ е тешко кога некои медиуми го користат нејзиното семејство и измислуваат приказни само за лајкови.

Scroll to Top