(Галерија) Елизабета Ѓоргиевска одбра црвена елегатна креација на Ирина Тошева за првата официјална посета на Грција

By

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска беа во дводневна официјална посета на Грција, каде што беа пречекани со највисоки државни и воени почести од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Ова е  прва историска посета што се реализира на највисоко ниво меѓу двете држави.

Првата дама носеше креација на македонската дизајнерка Ирина Тошева. Црвената класична креација беше збогатена со црни копчиња во вид на медалјони, додека внатрешноста на ракавите беше исполнета со дезенирани детали, како препознатлив печат на модната креаторка. За време на посетата, таа ја посети Националната галерија во Атина, заедно со Лина Мендони, министерка за култура и спорт на Грција. Претседателот Пендаровски оствари средба и со премиерот Киријакос Мицотакис.

 

 

Ќе ви се допадне