(Галерија) Гламур, штикли, тоалети и смокинг на скопскиот Виенски бал

Во хотелот „Александар палас“, вчеравечер се одржа 20. издание на Виенскиот бал во Скопје. И оваа година дамите беа облечени во долги балски тоалети, а мажите во смокинг. Не потфрлија со стилот ни едните ни другите. Длабоко деколте, високи потпетици, шминки, фризури, накит и гламур.

Вера Мештеровиќ, домаќинка на скопскиот „Виенски бал“

Најголемо внимание привлекоа црвените фустани на Марјана Станојковска и Вера Мештеровиќ, креирани за нив од познати македонски дизајнери. Пофалби за стилот доби и сопругата на премиерот, Зорица Заева, која носеше црн елегантен фустан со танела и тул, но и поранешната пејачка Искра Трпева, која избра црн фустан со тантела и длабоко деколте. Мажите се решија за елегантни црни смокинзи со бели кошули и црни пеперутки.

Марјана Станојковска

Од пред две години „Виенски бал“ во Скопје е ставен и на светската мапа виенски балови. Освен јавните личности, бизнисмени и политичари од Македонија, на балот уживаа и голем број странски дипломати.

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица и амбасадорката на Р. Австрија Ренате Коблер

Балот го отвори амбасадорката на Република Австрија, г-ѓа Ренате Коблер, по што стотина уметници се погрижија публиката да остане на нозе до рано наутро. За танцот со звуците на валцерите се погрижи оркестарот „Јохан Штраус“, кои музицираа под диригенство на Бисера Чадловска.

Миланка Рашиќ

 

И годинава „Виенскиот бал“ и елегантните гости беа во служба на хуманоста. Дел од средствата од продадените билети, како и средствата од добротворната лотарија, се наменети за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“, за набавка на спортски реквизити. Вечерта беше продадена и изложената уметничка слика понудена на продажба во хуманитарни цели, дело на д-р Драган Спасески Охридски.

Мејкап артистот Даниел Николовски

Балот е во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителство на – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.

Искра Трпева
Марјана Станојковска

Фото: Виенски бал Скопје, Инстаграм

 

Scroll to Top