(Галерија) Градската елита на отворањето кај дизајнерката Кокев

Градската елита дојде на отворањето на новиот салон на модната дизајнерка Тања Кокев во центарот на Скопје. Од модни креаторки, доктори, бизнисменки, до манекенки, писатели, ТВ-водители и луѓе од јавниот живот, сите беа дел од забавата на познатата дизајнерка која пред 12 години го создаде својот моден бренд. Таа низ годините стана препознатлива по своите венчаници и елегантни фустани, а на отворањето пред гостите ја претстави најновата колекција, во која доминираат бисери и цветни детали.

Кокев е првата македонска креаторка што промовираше парфем со нејзиното име, а создаде и ремени и чевли, чанти и џемпери, кежуал и машка облека. Нејзини заштитни лица изминатите години беа Иванна Хаџиевска, Миа Костов, а нејзини крации често носи и специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи.

Миа Костова
Тања Кокев со Сани Богдановска
Со писателот и бизнисмен Коста Петров
Тања и дизајнерката Антонија Ристовска
Иванна Хаџиевска е едно од заштитните лица на познатата дизајнерка
Моделот Алек Наумовски и фотографите Ани и Дими
Со специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи
Меѓу гостите беше и поранешната манекенка и Мис на Македонија, Делфина Зафировска Митропетру
Scroll to Top