(Галерија) Игор Џамбазов растури на Виноскоп: Љубовна песна за Илина, „Време за плачење“ за Весна Бејби

Игор Џамбазов и Фолтин вчеравечер одржаа концерт како дел од традиционалната манифестација Виноскоп. Убавото време и добрата журка ги намами скопјани повторно да му се препуштат на социјалниот живот и да уживаат во друштво на пријателите со чаша вино.

„Love is so good“ беше песната која Џамбазов и ја посвети на неговата девојка, Илина Арсова со која две години се во врска. И таа беше со него на концертот. Макфестовската песна отпеана пред 30 години, евергринот „Време за плачење“ Џамбазов и го посвети на неговата долгогодишна пријателка и колешка од теaтарот Весна Бејби Петрушевска.

Џамбазов со Гуру Харе направија жрка за паметење. Во целата таа атмосфера, Игор не заборави да се присети на неговиот татко маестро Александар Џамбазов кој неодамна почина, но и на Драган Вучиќ кој пред две година на вчерашниот ден ја загуби битката со корона вирусот. За нив отпа по едnа емотивна песна.

Вино Скоп продолжува вечервa, а ќе настапат Јаков Дренковски, Банкрот Блуз Бенд и  Лас Експедишн.










 

Scroll to Top