(Галерија) Индира и Зоран Кастратовиќ заљубени во Мајами

Поранешната ракометарка Индира Кастратовиќ и нејзиниот сопруг Зоран, пред Нова година отидоа во Мајами, каде што живее нивната ќерка Сара. Само што ги пречека, Сара ги прошета низ градот, а на Инстаграм објави слика од родителите.

„Моите омилени луѓе ми дојдоа во посета“, напиша таа.

Слики на кои е со ќерката и сопругот, објави и Индира. Нејзините пријатели велат дека со Зоран делуваат заљубени и среќни. „Прекрасно семејство, Сара пораснала, а за тебе времето застанало“, стои во коментарите.

Сара веќе пет години живее и студира во САД. Индира не крие дека ѝ е тешко што е разделена од ќерката. Кога лани полнеше 50 години, некогашната ракометарка на Кометал и на македонската репрезентација се пофали дека Сара ѝ го приредила најубавото изненадување од Америка.

 

 

Scroll to Top