Голем број познати личности во Македонија, преку социјалните мрежи, пренесоа порака до сите да останат дома додека трае пандемијата со коронавирусот.
Пејачките Карлонина Гочева, Викторија Лоба, Елена Велевска беа дел од нив кои напишаа дека тие ќе останат дома и ќе ги слушаат препораките на експертите затоа што на тој начин ќе се заштитат себе си, своите најблиски, но и сите други.
Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на целата територија која ќе трае 30 дена, со можност истата да биде прдолжена. Од денес почнува полицискиот час во Македонија и се забранува движење во периодот од 21 до 06 часот секој ден.