(Галерија) Каролина ги крена скопјани на нозе, Шилегов и Маричиќ се пофалија дека ѝ биле на концерт

Вчеравечер пред платото на Млечен, во Карпош, поп-пејачката Каролина Гочева одржа концерт, на Културно Карпошово лето.

Каролина направи одлична атмосфера, ги крена на нозе скопјани, кои ужива во нејзините најпопуларни хитови. Таа пееше песни од албумите „Македонско девојче 1 и 2″, „Извор”.

Во публиката беше и градоначалникот Петре Шилегов со министерот за правда Бојан Маричиќ. Двајцата се пофалија дека се на концерт кај поп-ѕвездта и дека уживале во маалската атмосфера во Карпош.

За Гочева ова е втор настап после двегодишна пауза поради епидемијата од коронавирус. Претходно одржа концерт во Струмица.

 

Scroll to Top