(Галерија) Ќерката на Хелена Роза наполни 21 година, забава во црно и златно

Ќерката на поранешната водителка Хелена Роза, Кјара, наполни 21 година. Таа роденденот го прослави со забава дома, заедно со семејството и многу пријатели. На роденденската журка беше и Роза, мајката на Хелена, која од Скопје дојде на Нов Зеланд. На забавата на Кјара доминираа црната и златната боја – балони, украси, роденденската торта… Па и таа избра црн краток фустан и сандали со циркони. „Наполни 21 година“, се пофали Хелена на социјалните мрежи.

Инаку, Кјара е ќерка на Хелена од првиот брак со адвокатот Арбен Гоља. Таа неодамна се појави во последниот спот на пејачот Филип Пешевски. Веќе неколку години живее во Нов Зеланд заедно со мајка си, нејзиниот сопруг Игор и нивниот двегодишен син Тиан. Пријателите често ѝ коментираат дека многу наликува на нејзината тетка, пејачката Ребека.

Scroll to Top