Вчеравечер во „Хармонија евент центар“ во Белград се одржа изборот „Лице на Балканот 2020“. На овој избор за убавина се натпреваруваа 20 девојки, а титули освоија и три Македонки од модното студио „Црнокрак“.
Кристина Димитријевска е избрана за прво лице на Балканот 2020, Ивана Маневска е најшармантното лице на Балканот 2020, а Михаела Тошинова е избрана за најфотогенично лице на Балканот.
Во текот на изборот се одржа и модна ревија на познатиот белградски моден креатор Саша Милојковиќ. Освен професионалните манекенки, и учесничките на изборот ги носеа неговите модели.
Модното студио „Црнокрак“ ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен избор за убавина.