Синот на манекенката Кристина Димитријевска и пејачот Даниел Кајмакоски наполни 4 години. Роденденот на Давид, Кристина го прослави во ресторан во Тетово, само со најблиските. За забавата таа избра бел секси фустан во вид на лебед со кој привлече внимание.
„Роденденот го славевме пред една недела. Имавме торта, балони и мала журка, на која Давид уживаше. Мојот син беше најсреќен што со неговиот вујко, кого го сака најмногу, заедно ја дуваше свеќичката на тортата“, ни раскажа Кристина за „Репортер“.
Таа ни кажа и дека го сними спотот за нејзината нова песна „Амстердам“, што ја работеше заедно со младите музичари Тони и Алек.