(Галерија) Лила го чистеше изметот на животните во скопската ЗОО

Најпозната инфлуенсерка и водителка Лила Филиповск, вчера во скопската ЗОО го чистеше изметот на животните. Колички со измет и ѓубре Лила изнесуваше од кафезите на слоновите и жирафите. Освен тоа, таа ги хранеше и лемурите и јавно ги повика сите, апелирајќи, наместо да носат храна на животните, да помогнат со чистење на нивните кафези.

Овој гест на Лила дојде веднаш по објавата на вработените во скопската зоолошка кои открија дека се револтирани од новопечените блогерки и инфлуенсерки на „Инстаграм“, кои често имаат невозможни барања – од тоа да се сликаат во тигрести купаќи покрај тигарот, да јаваат слон или да се гушкаат со жирафите. Лила серозно го сфати она „наместо будалаштини, фатете се за лопата и исчистете го изметот“, јавна порака од вработените во зоолошката и веќе вчера се упати таму да помогне.

„Работата со животните не е само забава. Тие треба да се нахранат и неколку пати дневно да се исчисти изметот од кафезите. Затоа Лила вчера правеше сè што прават нашите негуватели – ги хранеше животните, со гребло го собираше изметот на жирафите, со лопата ставаше изметот во количката, го фрлаше, се фати за најтешката работа“, изјави за  „Репортер“ Тина Мицковска, пиар на скопската ЗОО.

Тина ни раскажа и дека не е првпат Лила да дојде во зоолошката за да испрати порака до посетителите дека треба да ги почитуваат правилата за однесување со животните.

„Дојдете, дружете се, помогнете ако можете и никако не носете храна од надвор, не фрлајте предмети, не  вознемирувајте ги. Овие животни ја заслужуваат целата љубов на овој свет“, напиша Лила на една од сликите што ги објави на „Инстаграм“.

 

„Новопечни инфлуенсерки, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа“, реагираат од скопската ЗОО

Scroll to Top