(Галерија) Лила во кревет со помлад маж

Водителката Лила Филиповска на својот инстаграм профил објави неколку видеа на кои е во црна долна облека и во кревет со згоден, помлад маж, извесен Стефан Спирковски. Лила се пофали дека снима реклама и фотосесија за еден бренд, а дека рекламата е за македонскиот пазар. Стефан, пак, се појавува во дел од сцените во рекламата.

„Ќе биде право лудило“, стои во еден од коментарите на видеата, а на кое Лила во сребрен фустан лежи во када.

Познатата водителка често пати снима реклами за различни брендови. Таа е еден од најплатените инфлуенсери на Инстаграм кај нас – рекламира накит, цвеќара, суплементи за слабеење, патување и слично. Пред неколку месеци, обожавателите ја искритикуваа и ѝ порачаа да престане да ги фолира за пари.

Scroll to Top