(Галерија) Луксуз во домот на Аделина Тахири

Поп-пејачката Аделина Тахири постојано објавува приватни слики на социјалните мрежи, а на дел од нив се гледа и домот во кој што живее со сопругот Серјожа Марков и синот Јон. Популарната пејачка домот го уредила во бели и златни бои, со впечатливи парчиња мебел, големи кристални лустери, мернер, многу огледала и без теписи. Таа има голем гардеробер, во кој еден дел е одвоен само за нејзините патики и чевли. Фановите често ѝ коментираат дека „ужива во луксуз и раскош“.

Инаку, пејачката, која е позната по нејзината страст за чевли, неодамна промовираше сопствена линија сандали. Во моментов таа ја промовира и новата песна Hile Hile, а стана и заштитно лице на познат бренд за облека.

Scroll to Top