(Галерија) Луксуз во домот на Анета Наковска

Фолк-пејачката Анета Наковска откако се омажи за бизнисменот Спиро Крлевски, живее на релација Македонија-Америка. Тие имаат семејна куќа во охридското село Велгошти, изградена од камен. Во куќата на два ката доминираат белата боја и дрвото. Просторот е широк, без многу мебел и детали, а сепак оддава впечаток на луксуз. Во трпезаријата споена со кујната има голем камин од камен. Впечатлив е и големиот затворен базен во форма на буквата „Р“. Куќата на пејачката е комбинацијата на бетон, греди и локален камен, а е спој на модерната и рустикалната архитектура.

Пејачката подолго време не е активна на музичката сцена. Сепак, во едно од последните интервјуа изјави дека сака да сними нова песна, ама и дека сака да стане мајка, па затоа музиката ѝ е во втор план.

Scroll to Top