Вечерва Скопје звучи светски. Музиката на „Пинк флојд“ со шоуто од милион долари на трибјут-бендот „Брит флојд“ веројатно ноќва е полн погодок за оние кои навистина сакаат музички спектакл. Деветте члена на сцената, на свој начин, го претставија најдоброто на еден од највлијателните рок-бендови во светот на сите времиња. За нив велат дека се бенд кој најверодостојно ја претставува музиката на „Пинк флојд“.
Публиката не ја наполни арената, ама оние кои беа не го криеја воодушевувањето, магијата на звукот, претопен со околу 100 светла, ласери и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа синхронизирано со специјална видеоанимација, која направи ВИП-арената да изгледа светски.
Концертот на „Брит флојд“ е во рамки на турнејата Тhe Eclipse world tour. Организатор на концертот е „Авалон продукција“.
А.Георгиев
Фото:Д.Перковски