(Галерија) Маја Оџаклиевска ја омажи помалата ќерка и запеа на свадбата

Ќерката на пејачката Маја Оџаклиевска, Андреа, се омажи за нејзиниот долгогодишен дечко Милош Живковиќ. Тие се венчаа во црква, а потоа направија забава со неколку блиски пријатели во познат белградски ресторан на брегот на реката Сава. На журката пееше и Маја, која за свадбата на нејзината ќерка избра долг златен фустан.

Андреа, која е во поодмината бременост, е помалата ќерка на Оџаклиевска. Освен неа, Маја ја има и ќерката Теа, од која го доби внукот Лука. Пејачката одамна се повлече од сцената и тогаш кажа дека не пее бидејќи се грижи за внукот, кој е дете со аутизам.

Scroll to Top