(Галерија) Македонската преставничка со лонгета на ногата пред настапот на „Детска евровизија“

By

Тинејџерката Мила Москов од Прилеп е македонскиот претставник на годинашната „Детска евровизија“ во Полска. Таа синоќа се појави на отворањето, но со лонгета на ногата, а в недела ќе настапи четврта со песната „Оган“ на Магдалена Цветковска – Ена и нејзиниот брат Лазар Цветковски.

Мила минатиот месец го промовираше и спотот за песната, кој го сними режисерот Даниел Јовески. Годинава на „Детската евровизија“ ќе настапат 19 земји. Финалето ќе се одржи во градот Гливице на 24 ноември.

Ќе ви се допадне