(Галерија) Македонски бајкери се искачија на Демавенд, највисоката азиска вулканска планина во Иран

Македонските бајкери Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Илија Деревјов, го искачија врвот на највисоката планина во Иран, Демавенд. Овој врв се наоѓа на 5609 метри надморска височина.

Лазо, Никола и Илија, со ранци полни со опрема, храна и вода и велосипедите на грб, по екстремно непријатниот терен, се искачија на врвот на највисоката азиска вулканска планина. На врвот стигнаа на 29 јули точно во 13:07 часот.

„Пред да дојдеме немаше снег. Кога тргнавме на summit day, почна да врне. Временските услови беа непријатни и од претходно, но сега ни беше уште потешко. Среќни сме што успеавме да искачиме уште еден врв во овој состав“, рече Лазо Миновски по симнувањето од Дамаванд.

Scroll to Top