(Галерија) Македонски режисер го снима новиот спот на „Црвена јабука“ и Жељко Самарџиќ

Македонскиот режисер Даниел Јовески го снима новиот спот на Жељко Самарџиќ и „Црвена јабука“ за нивната прва заедничка песна „Алеје љубави“. Спотот е снимен на неколку локции во Скопје, а Даниел се пофали дека му се исполнил детскиот сон да снима видео со некои од неговите омилени музичари. Тој на видеото работи заедно со колегата Харис Дубица.

„Спот за дуетската на ‘Црвена јабука’ и Жељко Самарџиќ и моја прва соработка со режисерот Харис Дубица. Огромна е честа да се снима со најголемите идоли од моето детство“, напиша тој на „Фејсбук“ и објави неколку слики од снимањето.

Даниел последниве години е познат по соработката со речиси сите македонски музичари и од поп-музиката и од фолк-естрадата. Тој режира многу спотови и за албанскиот и косовскиот пазар, а добитник е и на неколку награди за најдобар режисер на доделувањето на балканските награди.

Scroll to Top