Македонските тркачи Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова ги срушија државните рекорди на 10 километри улична трка. Ивановски постигна време од 31:07 минути, а Поп Арсова трчаше 37:02 минути. Оваа е трета година по ред да се одржува Skopje Run 10K. На трката учествуваа околу 2.000 тркачи од 24 земји.
На Skopje Run 10K во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ од Србија, а трет Атанас Анчевски. Во женската трка победи Србнката Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го освои Андријана Поп Арсова со 37:02 минути и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.
Во штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.
Оваа година се организираше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух, па од продадените dry-fit маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Skopje Run 10K и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.
Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.