(Галерија) Манекенот Александар Златановски се соблече гол во еротска фотосесија

Македонскиот модел Александар Златановски се сликаше гол за новата фотосесија. Фотографиите правени по теркот на светските модели вели дека ги направил најмногу за себе. Во разговор за „Репортер“, Александар ни откри дека одамна сакал да направи еротска фотосесија.

„Среќен сум што конечно успеав да ја реализирам идејата. Сакав да направам голи слики што ќе бидат со вкус, а на нив да не се гледа сè. Ги најдов вистинските луѓе и направиме нешто што ретко кој модел кај нас би се осмелил да го направи“, ни раскажа Алекс.

И реакциите од околината се одлични, а тој вели дека добил комплименти и пофалби, дури и од луѓе што не ги познава.

„Ваквите фотографии може да предизвикаат разни реакции. Но, јас досега не добив негативен коментар“, вели тој.

Александар одамна е дел од модната агенција „Моделс ин“. Тој последните години работеше на азискиот моден пазар – во Индија, Сингапур и сликаше за познати светски брендови, меѓу кои и „Армани“, „Најки“, „Фила“ и други. Следната дестинација му е Германија.

„Требаше неодамна да заминам во Берлин, но поради пандемијата, работите се пролонгираа, па ќе останам во Македонија уште малку“, рече Александар.

А. Јовановска

Scroll to Top