Вчера во Минск, Белорусија се одржа официјалното отворање на Јуниор евросонг, на кој присуствуваше и нашата претставничка Марија Спасовска. Таа на црвениот тепих се прошета со македонското знаме, а освен новинарите, 12-годишната Марија ја пречекаа и бројни евровизиски фанови кои се сликаа со неа и бараа да им ја пее нејзината песна „Дома“.
Денес во Минск почнуваат пробите на големата сцена. Изборот Јуниор Евросонг ќе се одржи во недела на 25 ноември од 16 часот.
За потсетување, Марија беше избрана да ја претставува Македонија пред неколку месеца на аудиција на која учествуваа десет деца. Таа ќе ја пее песната „Дома“ за која музиката ја направи Дарко Димитров, а текстот го напиша Елена Ристеска.