(Галерија) Маријан Стојаноски се венчаше во црквa: Ќерката Вероника најсреќна за бебето што доаѓа

By

Некогашниот поп-пејач Маријан Стојаноски, сега вработен во МОБ, се венчаше во црква во Крушево со својата сопруга Наташа Каранџуловска. Двојката го чека второто дете, откако лани се роди ќерката Вероника.

Пејачот за цереномијата избра темно син костум и кафени чевли, додека Наташа носеше долга бела венчаница и вел со украсни мотиви.

Парот лани го склучи граѓански брак во Скопје, по долгогодишна врска. Една година пред регистрацијата, Маријан ја побара Наташа за жена.

За време на регистрацијата, таа беше во поодмината бременост со нивната ќерка Вероника, која пред една недела го прослави својот прв роденден.

 

Пејачот веќе поодамна не е присутен на македонската забавна поп-сцена. Тој се повлече од јавноста и се вработи во МОБ како оперски пејач.

(Галерија) Романтична венчавка во време на корона: Маријан Стојаноски се ожени со Наташа

 

 

Ќе ви се допадне