(Галерија) Маријана ја покажа снаата, се пофали дека е среќна свекрва

Поранешната пејачка Маријана Новачевска, сестра-близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска, се пофали дека е среќна свекрва. Таа неодамна објави неколку слики со Анастасија, сопругата на нејзиниот син Филип.

Со снаата Анастасија

„Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа. Како и да е, убавина е“, напиша Маријана покрај едната слика. На другата се нејзината ќерка Магдалена и снаата Анастасија, а Маријана се пофали дека има две ќерки.

Ќерката Магдалена и снаата Анастасија

Сликите се направени на свадба во Мелбурн, Австралија, каде што Маријана живее долги години со семејството.

Анастасија и Филип

Маријана беше една од најпопуларните пејачки на почетокот на 1990те години, а се прослави со дуото Маријана и Росана во кое пееше со својата сестра. Таа пред триесетина години замина за Австралија со сопругот Тоде Новачевски, исто така музичар. Денес Маријана работи како стоматолог.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top