(Галерија) Марјана стана бринета, фановите не ја бендисаа

Манекенката и лото-девојка Марјана Станојковска се пофали дека е бринета. Таа на „Инстаграм“ објави неколку слики на кои е со долга црна коса и круна на главата, па го подели обожавателите. Едни ѝ напишаа дека е како црниот лебед и дека никогаш не изгледала поубаво, а на други воопшто не им се бендиса, па ја посоветуваа да ја врати старата боја на косата. „Ама што ти требаше ова, не личиш на себе, не ми се допаѓа“, стои во коментарите.

Марјана, пак, која е препознатлива по долгата русата коса, не откри дали навистина ја сменила бојата или носи перика. Таа неодамна за една фотосесија имаше куса коса до под уши.

 

Scroll to Top