Миа Костова, некогашната водителка, сега една од највлијателните инфлуенсерки, славеше роденден. Наполни 38 години и правеше забава за најблиските, на која сите беа облечени во црно.
„На цели 38 богатство е да ја наполниш масава со најблиските“, вели Миа и сподели дел од атмосферата во познат скопски локал, каде што го славеше роденденот.
Блиски пријтели, некоја позната фаца од јавниот живот, музика, торта и куп честитки на „Инстаргам“.
Миа е позната по тоа што секогаш го привлекува вниманието на јавноста. Ретко кога се воздржува да не го каже она што го мисли. Неодамна, во интревјуто во „Репортер“ ни рече: „Јас не можам да бидам поинаква, освен да си кажам што мислам. Искреноста некогаш скапо ме чини, ама ете, не ми доаѓа памет“. Мајка е на 10-годишниот Андрија за кој вели дека ѝ го сменил животот и дека ѝ е најголемата радост што ја има.