(Галерија) Модата на „Макфест“

Викендов во Штип се одржува 33. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“. Пејачите што вчера настапија на првата фестивалска вечер во Домот на културата „Ацо Шопов“, освен со музиката, оставија впечаток и со изгледот. На сцената можеше да се види се, од светки и тул, до свила и сатен.

Симона Поповска

Со стилот на првото полуфинале се издвои Симона Поповска, која носеше светкав фустан во стилот на Ѕвончица од „Петар пан“. Таа изгледот го дополни со високи чизми над колена. Впечатлива беше и водителката на „Макфест“, Марјана Станојковска. Таа избра долг сребрен фустан со светки и на социјалните мрежи доби многу комплименти за својот изглед.

Наташа Малинкова

Повеќето пејачки на првото полуфинале беа облечени во долги фустани со смирени бои – сива и црна. Долги сиви фустани носеа Наташа Малинкова и Наталија Данаилова. Пејачката Лина Пејовска, пак, се одлучи за црн кус фустан со гол стомак што ја следи линијата на телото. Сара Гиговска избра широк портокалов фустан, а Мина Блажев носеше краток црн фустан покриен со тул.

Наталија Данаилова

Машките изведувачи вчеравечер одбраа класични костуми. Димитар Андоновски од „Тајфата“ беше облечен во целосно црна комбинација. Горан Наумовски и Горан Папаз настапија заедно, а избраа палта во светли бои дополнети со темни панталони.

Горан Наумовски

Дебитантот на „Макфест“, Христијан Проданов, избра црно-бела комбинација дополнета со кожена јакна.

Второто полуфинале на „Макфест“ е вечерва од 20:30 часот, а финалето е в сабота, на 6 октомври.

Марјана Станојковска
Христијан Проданов и Виктор Апостоловски
Сара Гиговска
Мина Блажев
Горан Папаз со Горан Наумовски
Наташа Малинкова и Ѓоко Танески
Лина Пејовска
Димитар и „Тајфата“
Scroll to Top