(Галерија) Модата на црвениот килим на „Манаки“: од елегантни фустани до влечки

Вчеравечер во Битола на отворено се одржа 42. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот почна со настапот на Каролина Гочева, која, придружувана од Никола Мицевски, на пијано изведе неколку песни од филмови. На отворањето беше прикажан филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

Оваа година љубителите на уметноста имаа можност да прошетаат на црвениот килим во Битола и да ги покажат своите модни креации. На црвениот тепих имаше сешто, од гламур и елеганција до комбинации со влечи, цокули, патики, па и некој кич фустан.

Годинава добитници на „Специјалната камера 300“ за особен придонес во филмската уметност се: Андреј Кончаловски, режисер, сценарист и продуцент, и Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика. Фестивалот „Браќа Манаки“ ја слави филмската магија и досега на сцената на Фестивалот застанале големи уметници на филмот. На Кристијан Бергер му беше доделена наградата „Златна камера 300“ за животен опус.

Фото: Фејсбук-страница на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Scroll to Top