(Галерија) Музика, торта и одлично друштво за Илина, Сара и Димитар и прославија роденден на ќерката

Ќерката на Димитар и Сара Мејс, Илина, наполни три години. Тие и приредија голема забава, со музика и торта.

„Насмевката на мојот живот. Со нив до крај на светот и назад“, рече Сара.

Пејачката минатата година за „Репортер“ ни кажа дека откако ја родила Илина, музиката повеќе не ѝ е на прво место.

„Сега сè се врти околу Илина, чие име го избрав јас, а му се допадна и на Димитар затоа што е традиционално. Ако имаме и второ дете, најверојатно пак ќе носи традиционално, а не модерно име“, ни рече тогаш Сара.

Таа ни откри дека поради Илина, со сопругот направиле големи промени во животот, а Димитар дури го продал и моторот. Не им било лесно да гледаат дете. Особено кога Илина ќе почнела да плаче, а Сара и Диме не знаеле што ѝ е.

„Кога Илина плачеше, плачевме и ние, па со ножички ги сечевме алиштата за да ја облечеме оти ни беше страв да не ја повредиме“, ни рече низ смеа тогаш Мејс.

„Плачев да не ја повредам ќерката“ – Сара Мејс за мајчинството и семејството

Scroll to Top