Виолета Томовска, Александар Тарабунов, Сузана Спасовска, Благоја Грујовски, Зуица Лазовска, Наум Петрески, Гоце Цоневски…беа само дел од учесниците кои вчеравечар во МОБ, го оживеаа споменот за доајенот на македонската народна песна Никола Бадев. На есенските музички свечености, вера беше одбележан еден век од раѓањето Бадев и неговите 70 години во етерот.
Покрај познатите македонски музичари, тука беше и оркестарот на ансамблот „Танец“ кој настапи под раководство на Милан Завков, а Изворниот оркестар на „Танец“ под раководство на Бајса Арифовска.
Никола Бадев првиот настап го имал на Радио Скопје во 1948 година. Бадев беше и остана исклучителна појава кај нас, интерпретатор кој ја прослави македонската народна песна.
Во негова чест, на вчерашниот концерт настапина и Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Душко Георгиевски, Добрила Ивановска-Чабриќ, Бубо Каров, трио „Гранде“, Елена Андоновска и Мишко Крстевски.