(Галерија) Од „Зајди, зајди“ до „Пајдушко“, неповторлив заеднички концерт на „Танец“ и Влатко Стефановски

Националниот асамбл „Танец“ заедно со македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски, синоќа одржаа концерт за паметење во Националната опера и балет.

Поради протоколите за заштита од ковид 19, салата беше полупразна, но, публиката која дојде повеќе од еден час уживаше во музиката и ритамот на неповторливите традиционални песни „Елено ќерко“, „Јано мори“ и „Зајди Зајди“ во изведба на пејачката Елена Андоновска.

Влатко на сцената ги отсвири анталогиските ора „Пелистерско“, „Касапско“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“, а атмосферата дополнително ја подигнаа и играорците на „Танец“.

Ова беше прв целовечерен концерт на Влатко и „Танец“, кои во изминатите години често настапуваа заедно на бројни манифестации. Концертот се одржа како отворање на манифестацијата „Есенски музички свечености 2021“, која ќе понуди 13 програмски термини, најмногу од областа на класичната музика и две промоции на книги.

Фото: Фејсбук страна на „Танец“

Scroll to Top