(Галерија) Пандев, Мрме, Џани: Цела репрезентација му честиташе роденден на Елмас

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, наполни 22 години. Роденденот му го честитаа и пријателите и фановите, но и фудбалерите од репрезентацијата. Пандев, Хасани, некогашниот селектор Мрме, Барди, Алиоски, голманот Димитриевски и Костадинов објавија слики со Елиф.

„Среќен роденден феномену“, „Брату, да си жив“, „Дијамантот слави роденден“, напишаа тие на Инстаграм.

Елиф, кој веќе три сезони игра за „Наполи“ во Серија А, наскоро ќе дојде во Скопје и со репрезентацијата ќе се спрема за октомврискиот циклус квалификации за Светското првенство. На 8 октомври Македонија ќе гостува на Лихтенштајн, а на 11 октомври ќе игра против Германија на арената „Тодор Проески“.

Scroll to Top