(Галерија) Пејачката Љупка Најдановска се омажи за Грк, романтична свадба на Скијатос

Пејачката Љупка Бубе Најдановска, вчера се омажи за своето момче, Гркот Јанис Пападопулос. Тие свадбата ја направија на грчкиот остров Скијатос, на зајдисонце. На венчавката, Бубе носеше долг бел фустан со цветови, а Јанис избра бела кошула без вратоврска и црни пантолани.

На свадбата со малку гости, присуствуваа само најблиските роднини и пријатели на младенците.

За потсетување, јавноста ја запозна Љупка пред десетина години кога учествуваше во музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“. Таа потоа сними дует со Ламбе Алабакоски за песната „Кога сонце грее плачам“. Нејзина последна песна е „Дел од себе“, која ја издаде пред две години.

Scroll to Top