(Галерија) Перо Камиказа го ожени синот, цела естрада на свадба кај Кристијан

Гитаристот Петар Георгиевски – Камиказа од групата „Меморија“ го ожени синот Кристијан. Свадбата се одржа во хотелот „Александар Палас“. Гостите се забавуваа, се играше и пееше цела вечер. На свадбата настапи и Перо со две песни од групата „Меморија“, а Ристо Самарџиев ја испеа „Дирлада“. Меѓу гостите беа и Бени Шакири, Виолета Томовска, Тања Кочовска и Драган Б. Костиќ, кој објави неколку фотографии на „Фејсбук“.

„Перо го ожени синот. На достоинствен, традиционален но и модерен начин. Во ‘Александар Палас’ со многу гости. Мојата маленкост си ја искористи можноста да го овековечи мигот, сликајќи се со драги личности кои ги имаше насекаде низ големата хотелска сала. Ова беше повеќе од вообичаеното на Балашевиќ: “Свадба ко свадба’. Беше концертна свадба или свадбен концерт, како сакате. На кои немаше поделба на гости и домаќини. Сите беа и едното и другото“, напиша Костиќ.

Фото: Фејсбук

 

 

 

Scroll to Top