„Златна бубамара“ и оваа година ги собра политичарите на едно место. Во иста сала и во иста ложа. На приредбата беа премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица, кој и годинава, како и лани, се смееше на своја сметка.
Во ВИП-ложата друштво му правеа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вицепремиерот Кочо Ангушев, генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, а тука беа и Љубе Бошковски, Јани Макрадули, министерот Роберт Поповски.