Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се ожени со својата долгогодишна девојка Александра Димитриеска, која е економистка. Свадбата била во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, а венчавката пак во црквата Св. Богородица Перивлепта. На свадбената веселба биле нивните најблиски, роднините, пријателите, колегите.
„Од сега заедно чекориме со Александра“, вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Невестата, која магистрирала економски науки во Љубљана,се реши за две венчаници. Едноставна, со модерно деколте и нежно венче од цветови на косата, за церемонијата во црква, а потоа пак за свадбената веселба облече венчаница изработена од татела, во посекси варијанта. Младоженецот носеше едноставен син костум, а потоа за веселбата избра малку поелегантна варијанта.
Александар е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во повеќе мандати, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 до 2008 и повторно избран во 2017 година, а беше именуван и за меѓународен секретар на партијата.