(Галерија) Познатите трчаа на скопскиот маратон

Секоја година неколку познати личности го трчаат Виз Ер скопскиот маратон. Некои ја завршуваат трката на 5 километри, некои се решаваат за полумаратонот, а најподготвените ги трчаат сите 42 километри. Меѓу оние што годинава трчаа на 14. Виз Ер скопски маратон беа и Перо Камиказа од „Меморија“, кошаркарката и фитнес тренер Едина Муса, музичарот Илија Филиповски, актерот Игор Ангелов, поранешната водителка Анета Андонова, фудбалерот на „Вардар“ Влатко Гроздановски и други.

Претходните години на скопски маратон трчаа и момчите од Некст тајм, ама и манекенката Катарина Ивановска.

Оваа година на маратонот трчаа преку 10.000 луѓе. Специјален гостин беше светската рекордерка во маратонско трчање Пола Редклиф.

Перо Камиказа
Илија Филиповски
Едина Муса
Анета Андонова
Влатко Гроздановски

 

Scroll to Top