(Галерија) Познатите трчаа на скопскиот маратон

Познатите кои секоја година трчаат на Скопскиот Визер маратон и овој пат се пофалија дека биле дел од најголемиот спортски настан кај нас. Меѓу оние што годинава се натпреваруваа на 17. Скопски маратон беа и кандидатите за градоначалници на Скопје, Перо Камиказа од „Меморија“ и Бени Шакири, поранешната водителка Анета Андонова која трчаше штафета и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Некои ја истрчаа трката на 5 километри, некои го трчаа полумаратонот, а имаше и такви што ги трчаа сите 42 километри.

Оваа година на маратонот трчаа преку 6.000 луѓе. Вниманието на маратонот го привлекоа и мајката што трчаше со бебе во количка, мажот облечен во костум на Аквамен. а имаше и неколку запросувања.

Андријана Поп-Арсова: Паднав во агонија на 12 километри пред целта

Scroll to Top