(Галерија) Ракометарите на „Вардар“ летуваат во Хрватска, ја слават титулата

Дел од ракометарите на „Вардар“ веќе неколку дена се на летување во Хрватска. Тие велат дека сакаат да ја прослават титулата што ја освоија пред еден месец во Лигата на шампионите. На социјалните мрежи споделуваат видеа и слики од одморот, па се фалат дека си поминуваат одлично. Засега во Хрватска се Кристопанс, Чупиќ, Недановски, Дисингер, Скубе и Поповски. Со нив на летување е и Игор Карачиќ, кој си замина од клубот откога заврши сезоната.

Карачиќ и Дисингер

„Се чекаат руските ракометари за да почне шампионската забава“, напишаа тие покрај заедничката слика направена на плажа

Ракометарите на „Вардар“ прво беа во Сплит, а денес дојдоа на Хвар. Тие ќе поминат и неколку дена на Бол на Брач и на крај ќе го посетат островот Вис.

Сташ Скубе
Дисингер и Карачиќ
Scroll to Top