(Галерија) Ракометарите на „Вардар“ на велигденски ручек во Солун

Во ресторан на плажа близу Солун, со морска храна и пиво, ракометарите на „Вардар“ Мартин Поповски, Кристиан Дисингер, Фереира Мораеш и Калифа Гедбан, го прославија Велигден. Тие споделија неколку слики од празничното патување, а Дисингер се пошегува дека Поповски и Гедбан дошле на плажа на романтичен ручек.

Ракоментарите на „Вардар“, кои пред неколку дена го победија унгарскиот „Пик Сегед“ во Скопје, се подготвуваат за реваншот што ќе се игра на 5 мај. Тоа ќе биде последен натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Ако победат, ракометарите и оваа година ќе играат на „Фајнал фор“ турнирот во Келн, каде што настапуваат најдобрите четири ракометни екипи во Европа. За потсетување, „Вардар“ го освои турноирот во 2017 година.

Фото: Инстаграм/Фејсбук

Scroll to Top