(Галерија) Роденденска журка во Хрватска за Инес: Каролина пак на омилениот женски одмор

Поп-пејачката Каролина Гочева и годинава беше на женски одмор со мајка си, сестра ѝ и внуките. Тие овој пат беа во Сплит, каде што го прославија роденденот на Инес, а откако се вратија, Каролина објави неколку семејни фотки. Па вели: „Уште една Хрватска со моите Јерчиќи… едвај чекам следна година пак“.

Каролина, која претходно беше на летување во Италија со сопругот Михаил, секоја година традиционално оди на одмор со сестрата Сандра, мајка ѝ и внуките. Во интервју за „Репортер“, пејачката претходно откри дека летово петте дами веќе беа заедно на одмор, ама дека планираат уште едно дружење пред крајот на сезоната.

Scroll to Top