(Галерија) Роденденската журка на Денвер спои повеќе јавни личности

Вчеравечер, Иван Тодоровски – Денвер, сопственик на неколку локали во Скопје го прослави својот роденден во Three Kitchen Bar. На неговата журка се споија повеќе јавни личности, кои се негови долгогодишни пријатели и соработници. Оние кои биле на забавата велат дека журката била како оние по кој некогаш беше познато Скопје.

 

Тамара Тодевска и Ана Камчева

Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин, Тамара Тодевска, Елена Чемерска, дизајнерот Марков, Јордан Мијалков, Ана Камчева, Гордан Георгиев со сопругата Ана, беа дел од гостите на роденденската забава.

Сободанка Тренчева-Боте и Јорадн Мијалков

Слободанка Тренчева-Боте, долгогодишна промотерка во рамки на електронската/ клупската сцена на својот Инстаграм и Фејбук профил објави повеќе фотографии од забавата.

Каролина и Тамара

Низ градските кругови одамна се зборува дека Боте е единствената личност која умее да спои различни артисти, со различни стилови, но и луѓе со различна политичка ориентација на едно место или фотографија. Па така беше и овој пат за роденденот на Денвер.

Гордан Георгиев и сопругата Ана

На социјланите мрежи пак, по објавта на фотките многумина коментираат дека веројатно тоа е една од работите којаодамна  му фали на ноќниот живот во Скопје.

“ Фали слобида. Слобода да се дружиш со кој сакаш, да испиеш пијачка, да споделиш убави моменти. Слобода во секоја смисла. Се надеваме дека Скопје повторно ќе го врати ноќниот живот, кога градот пулсираше во духот на модерното, слободата и прогресивното“, пушуваат на социјланите мрежи.

Scroll to Top