Синоќа фолк-пејачката Сани Гроздановска (30) настапи во скопскиот ресторан Биен. Таа ја загреа публиката со најпознатите хитови од поранешна Југославија како „Кад замиришу јорговани“, „Додирни ми колена“ и „Моји другови“, за потоа да се префли на хитовите од Силвана Арменулиќ и поновите хитови како „Још ти се надам“, „Тарапана“, „Добро дошао у клуб“.
Вечерта кулминираше со хитовите како „Жена од султана“, „Хајде, нек ночас гори Балкан“ и „Лепотан“ од Цеца. А публиката се забавуваше и со „Макарена“ и „Коко Џамбо“.
Во текот на вечерта, Сани беше придружувана од пејачот Иво, со кого ги испеа најпознатите дуети.