Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски се на летување во Египет со ќерката Илина. Тие неколку дена се во Хургада и не кријат дека уживаат во првиот одмор од почетокот на пандемијата. Двајцата деновиве објавуваат фотки и видеа од летувањето: од плажа, на базен, додека се забавуваат во аква-паркот на хотелот каде што престојуваат.
„Ќе се правела сирена“, напиша Сара на една од сликите, додека Димитар со песок ѝ прави опашка на нозете на Илина. Таа сподели и слика дека Диме успешно ја завршил опашката од песок.
Пејачката направи шега и на своја сметка и на сметка на инфлуенсерките на Инстаграм откако полна со себе се сликаше во бикини, па не шега вели: „Слика за на инстаграм. Кај сте инфлуенсери?“